Против кризата Македонија ќе се бори со 50 економски мерки

Bez autora
Jan 09 2012

Реформите во економската сфера продолжуваат и годинава со несмалено темпо. Економскиот совет на правата седница разгледа пакет од педесетина нови мерки со цел унапредување на условите за водење бизнис, согласно индикаторите за "Дуинг бизнис" на Светска банка. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески станува збор за мерки и активности кои ќе треба да се имплементираат во делот на водење бизнис во 10 индикатори кои ги следи СБ, а се од витално значење за домашните компании. Дел од индикаторите се насочени кон условите за добивање кредити, условите за регистрација на бизнисите, добивање на градежни дозволи, како и извршувањето на договорите. На овие промени сугерирале стопанските комори, македонските компании, а соработка имало и со државните институции, како што е Централниот регистар, Катастарот.

Против кризата Македонија ќе се бори со 50 економски меркиРеформите во економската сфера продолжуваат и годинава со несмалено темпо.

Економскиот совет на правата седница разгледа пакет од педесетина нови мерки со цел унапредување на условите за водење бизнис, согласно индикаторите за "Дуинг бизнис" на Светска банка.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески станува збор за мерки и активности кои ќе треба да се имплементираат во делот на водење бизнис во 10 индикатори кои ги следи СБ, а се од витално значење за домашните компании. Дел од индикаторите се насочени кон условите за добивање кредити, условите за регистрација на бизнисите, добивање на градежни дозволи, како и извршувањето на договорите. На овие промени сугерирале стопанските комори, македонските компании, а соработка имало и со државните институции, како што е Централниот регистар, Катастарот.

-Земени се предвид искуствата на најдобрите земји во светот како што се Сингапур, Хонг Конг, Ирска и други, кои имаат најдобри резултати во овие реформи - укажува Ставрески и додава дека Министерството за финансии и Владата ќе ги допрецизираат овие мерки и ќе бидат предложени на Влада, по што ќе започне нивната имплементација.

Министерот очекува во првата половина од годинава сите овие педесетина нови мерки да заживеат во пракса со што ќе се влијае и во насока на намалување на бројот на процедури за добивање на разни лиценци, дозволи, одобренија за градба и слично. Со овие мерки Владата продолжува со темпото на засилени реформи бидејќи само на тој начин можеме да ги подобриме состојбите во стопанството и да се бориме против европската криза.

На Економскиот совет беа донесени и мерките што се однесуваат на поддршка на градежништвото и индустријата преку засилени капитални инвестиции и позасилено влечење на средства од Европската инвестициска банка за мали и средни претпријатија.

- До крајот на јануари ќе биде доставено барање до Банката за повлекување на нови 100 милиони евра, имајќи ја предвид динамиката на искористеност на претходните 50 милиони, информира Ставрески и додава дека овие средства ќе претставуваат значителна инфузија во ликвидноста и пристапот до кредити за македонските претпријатија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik